Убиен уште еден Албанец од Скопје во Сирија
август 11
18:58
2013
Уште еден Албанец од Македонија е убиен во Сирија од воените сили на претседателот на државата Башар ал-Асад, јавува порталот Алмакос.
Станува збор за жител на скопското село Грчец. Идентитетот на убиениот е познат на редакцијата на Алмакос но сè уште не се соопштува.
Тој е третиот Албанец од Македонија, кој е убиен во Сирија.
Пред недела дена во Сирија беше убиен оџата од Скопје, Сами Абдулаху. Абдулаху бил оџа и во Бремен, Германија, учествувал во конфликтот во 2001 година во Матејче, како и во војната во Косово и во Босна и Херцеговина.
Во мај годинава во Сирија загина дваесет и осумгодишниот Расим Зеќири од гостиварското село Беловишта, кој подолго време живеел во Австрија
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment