MKDNews.com

Уапсeн најбараниот терорист во Индија

август 17
13:36 2013

На границата со Непал синоќа е уапсен еден од најбараните терористи во Индија, Абдул Карим Тунда, тесно поврзан со екстремистичката муслиманска група „Лашкар е талиба“, со седиште во Пакистан.

Тунда на листата на индиската полиција беше меѓу 20 најопасни криминалци. Нему му се припишува одговорноста за 450 експлозии во Њу Делхи и Мумбај.

Тунда во 2001 година се префрли од Индија во Бангладеш, а според гласините, загинал во Дака.

Меѓутоа, набрзо се огласи од пакистанскиот град Лахоре, каде има продавница, а во 2006 е уапсен во Кенија, каде подоцна побегна од затвор.

indija-policija

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.