MKDNews.com

Уапсен духовниот лидер на Муслиманското братство

август 20
16:51 2013

Египет соопшти дека е уапсен врховниот лидер на Муслиманското братство, што е тежок удар за исламистичката група во време кога се обидува да ги продолжи уличните протести против протерувањето на претседателот Мохамед Морси, соочена со жестоко задушување од властите.

Мохамед Бади

Мохамед Бади

Духовниот водач на Братството Мохамед Бади беше уапсен во стан во областа Наср Сити во источно Каиро, блиску до местото каде симпатизерите на Морси, кој припаѓа на оваа група, ги одржаа шестнеделните мирни протести.
Силите за безбедност минатата недела го растури овој и уште еден демонстрантски камп во Гиза со акција во која загинаа стотици луѓе.
Апсењето на Бади е последната фаза во с пожестокото задушување на Братството во кое се уапсени и стотици други членови.
Изминативе два дена како да се намали интензитетот на речиси секојдневните протести што Братството ги одржува од протерувањето на Морси наваму, и тоа резултираше со проретчување на протестите во Каиро и на други места низ земјата на неколку стотини, па дури и на само неколку десетици демонстранти.
Морси се држи во притвор на непозната локација од превратот на 3 јули предизвикан од повеќедневните протести на кои излегоа милиони Египќани во знак на протест против претседателот и неговото владеење.
Тој се соочува со обвинение дека ковал заговор со милитантната палестинска група Хамас да избега од затвор за време на востанието во 2011 година и за соучесништво во убиството и измачувањето на демонстранти пред неговата палата во Каиро.
Бади последен пат се појави во јавност на протестите минатиот месец кога одржа жесток говор од импровизираната сцена на која го негираше воениот преврат од 3 јули со кој Морси беше симнат од власт.
Апсењето на Бади следеше по убиството на едно од неговите деца, синот Амар, кој беше застрелан во насилните судири меѓу силите за безбедност и симпатизерите на Морси во Каиро минатата недела.
Исто така, Бади и неговиот влијателен заменик Хаират ал-Шатер ќе се соочат со обвинение за соучество во убиството на осуммина демонстранти пред штабот на Братството во Каиро во јуни.
Во меѓувреме египетската влада поддржана од војската размислува да го забрани Братството што поголемиот дел од неговото 85-годишно постоење се водело како нелегална организација.
САД го осуди убивањето полицајци и повтори дека ќе му помогне на Египет да се бори против тероризмот во Синај.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун исто така го осуди нападот во Синај што се случи еден ден откако силите за безбедност убија 36 приведени лица за време на бунт во конвој камиони упатени кон затвор северно од Каиро.
Убиствата се случија откако полицијата пушти солзавец за да го ослободи стражарот што беше заглавен во хаосот.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.