MKDNews.com

Уапсен брат на лидерот на терористичката мрежа Ал Каеда

август 17
17:06 2013

Мухамед ал Завахири, брат на лидерот на терористичката мрежа Ал Каеда, Египѓанецот Ајман аз Завахири, е уапсен во Египет, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на претставник на силите за безбедност.

Мухамед аз Завахири, кој предводи ултраконзервативната Џихадистичка салафитска група, бил приведен на контролен пункт во градот Гиза, разместен на брегот на реката Нил наспроти престолнината Каиро.
Повеќе детали за приведувањето не се соопштуваат.
Групата на Мухамед аз Завахири проповеда цврста идеологија, но до 3 јули и соборувањето од власта на претседателот Мухамед Морси не беше надвор од законот.

Братот на лидерот на Ал Каеда беше политички сојузник на Морси, чии приврзеници протестираат и влегоа во крвави судири со силите за безбедност, во кои беа убиени стотици луѓе.
Претходно египетските власти соопштија дека Мухамед аз Завахири командувал со бунтовниците на нестабилниот Синајски полуостров, што граничи со Израел.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment