Твитер со нови правила против навреда
август 04
18:09
2013
Твитер воведува нови правила со кои на корисниците им олиеснува да ги пријават непримерните,навредливите и коментари со закани кои им ги упатуваат други корисници на мрежата.
Во пораката на нивниот сајт тие наведуваат дека корисниците со еден клик ќе можат да пријават злоупотреба,што пректично значи дека корисниците нема да треба како до сега да мораат да се пријавуваат во центарот за помош на Твитер и да пополнуваат посебни формулари. Воедно ќе биде олеснето и блокирањето на корисници кои намерно креираат повеќе налози кои им користат за вознемирување на други корисници на мрежата.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment