MKDNews.com

Тројца затвореници од „Идризово“ во бегство,од кои еден е убиец

август 12
22:21 2013

Тројца осуденици од кои еден осуден за убиство побегнале од затворот во Идризово, јави Телма.

Суад Јусуф, еден од двајцата осудени за двократното убиство кај Злокуќани во 2006 година, го искористи викенд отсуството за да избега од казнено поправниот дом Идризово. Тој и уште двајца затвореници, по слободниот викенд, не се вратиле во затворот на доотслужување на казната. Директорот на Идризово, Живко Пејковски во телефонски разговор ни го потврди случајот, посочувајќи дека веќе се распишани потерници по тројцата затвореници. Вели дека ова не е прв ваков случај и често се случува затворениците да не се вратат од викенд отсуство. Има правила и критериуми за добивање слободен викенд и сите тројца се регуларно пуштени на отсуство. Ние не можеме да го забраниме тоа, тврди Пејковски.

Суад Јусуф е осуден на 15 години затвор. Тој и Нехад Сулејамни беа обвинети дека се извршители на грозоморното убиство, мотивирано од крвна одмазда, во кое настрадаа Бранко Ивановски и Љупчо Атанасовски. Иако првично беа осудени на доживотен затвор, Врховниот суд ја укина, а Апелацискиот ја ублажи казната. Јусуф и Сулејмани за време на судењето тврдеа дека се невини и дека се осудени без докази.

Од останатите двајца затвореници кои се во бегство, едниот исто така е сторител на тешки кривични дела, за кои е осуден на 15 години затвор, од кои има одлежано девет. Вториот е осуден на една година затвор, а до сега во Идризово минал 7 месеци.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment