Тројца тинејџери убиле австралјанец,зошто им било досадно(видео)
Австралиски бејзбол играч Крис Лејн бил ладнокрвно убиен од страна на тројца американски тинејџери додека го го имал својот утрински кондициски тренинг.
Ужасното злосторство се случило во гратчето Данкан во Оклахома, каде што дваесетогодишниот Лејн бил на стипендиска програма за бејзбол. Крис тргнал на утринско трчање, но назад не се вратил зашто тројца тинејџери, на возраст од 15, 16 и 17 години го застрелале со пиштол од автомобил во движење и тргнале да ја бараат следната жртва.
„Лејн одел да џогира и минал крај куќата каде што се наоѓале тројцата тинејџери. Тие го одбрале како мета, седнале во автомобил, го прателе, му пришле од зад грб и го убиле со пиштол со мал калибар. Мислиме дека тројцата имаше желба да влезат во историјата како големи сериски убијци зашто по тоа убиство, тргнале да бараат нова жртва. Ако не ги најдевме навреме, се плашам дека ќе имаше уште жртви. Едно од момчињата ни рече дека им било досадно и дека немале што да прават. Затоа одлучиле да убијат некого“, изјави Дени Форд, шефот на полицијата во Данкан.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment