Три Албанки и една Косоварка откриени во ноќен бар во Велешта
Четири странски државјанки се затекнати со непријавен престој во струшкото село Велешта во рамките на акцијата што викендов заеднички ја реализираа полициските службеници од СВР Охрид и граничната полиција од регионалниот центар Запад.
Станува збор за лицата И.Б. (24) А.И. (27) М.Б. (30) од Република Албанија како и М.С. (34) од Косово кои биле затекнати во хотелот „Јони“ во Велешта по што, согласно законот за странци им е поднесена прекршочна пријава. Изречена им е парична казна од 300 евра и забрана за влез во Република Македонија во времетраење од шест месеци до една година. Странските државјанки во хотелот извесно време работеле како естрадни уметнички и имале нелегален престој со што извршиле злоупотреба на туристичкиот престој во Република Македонија за нелегална работа.
Ваква акција беше реализирана и минатиот викенд во Кичево кога при контрола на угостителскиот објект „Стара централа“ со нелегален престој и нелегална работа беа затекнати две државјанки од Република Србија. По поднесената прекршочна пријава нив им е изречена парична казна и забрана за влез во Република Македонија за време од една година.
Инаку викендов во координација со инспекторатот за животна средина, СВР Охрид изврши контроли и низ угостителските објекти во Охрид. Притоа не се констатирани прекршоци за гласна музика, присуство на малолетници во локалите и точење алкохол на малолетни лица.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment