MKDNews.com

Трет ден амандманска расправа по предлог-законите за медиуми

август 22
16:01 2013

Опозицијата и денеска со низа обвинувања, на последниот ден од амандманската расправа за законите за медиуми.Не беа прифатени поднесените амандмани со кои опозицијата бара медиумите да не се јавуваат како донатори на политичките партии во изборните кампањи, а не беше прифатен ниту амандманот со кој опозицијата бара буџетите за рекламирање да бидат респределени пропорционално во медиумите,јави Канал 5.

“Предлагате дека само националните телевизи ќе можат да емитуваат на целата територија на Македонија, рекламни кампањи од државни органи со овој предлог што го имате, додека општините и јавни претпријатија од општините ќе може да емитуваат само на регионалните телевизи. Јас ве прашувам што ако нема регионални телевизии, каде ќе емитува вашиот претседател Заев за Струмица Опен Фест, дека ќе дојде Цеца или Северина ќе доаѓа во Струмица? Вие со овој предлог тоа го ограничувате“ изјави Иво Ивановски, министер за информатичко општество.

“Еве нека дадат пауза, па поправете го амандманот по ваше, каде што вие мислите дека згрешил СДСМ и треба да биде подобро, и нема проблем одма одржувам прес конференција, снимете си ја и вадете ја на избори дека ќе ви се заблагодарам вас лично за големата волја што сте ја покажале, ама министре немојте да играте на мали голчиња, се знае дека нема теотерски шанси да прифатите ваков амандман и затоа ве повикав да образложете зошто го одбивате амандманот “ изјави Емилијан Станковиќ, СДСМ .

На седницата на комисијата за транспорт и врски до паузата беа поминати околу 70 амандмани од вкупно 94 поднесени за законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги , од кои 20 се прифатени. Расправата доцна синоќа за малку не заврши со тепачка, откако неколкумина пратеници од опозициската сдсм вербално го нападнаа претседателот на комисијата за транспорт и врски Реџаил Исмаили, бидејќи не дозволи реплика. Ескалација на расправијата спречија неколумина пратеници, по што седницата накусо беше прекината.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment