MKDNews.com

Трагедија пред Свети Николе: Загина 36-годишен маж

август 04
19:21 2013

Утрово околу 4:30 часот се случила страотна сообраќајна незгода на патот Куманово – Свети Николе.

Во сообраќајната незгода учествувале патничко моторно возило „Алфа Ромео“ со словенска национална ознака управувано од Јордан М.(36) од Кочани и товарно моторно возило „Там“ со кумановски регистерски таблички управувано од Д.А.(26) од Куманово.

Во незгодата на лице место починал возачот на автомобилот , а со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник С.Л.(26) од Кочани, кој по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар во Штип е пренесен на лекување во Ургентниот центар во Скопје.

Возачот на камиончето и двајца негови сопатници Б.Т.(27) и О.К.(27) од Куманово се здобиле со телесни повреди и истите се пренесени на лекување во Медицинскиот центар во Штип.

На местото на незгодата извршен е увид од екипа од полицската станица Свети Николе , Истражен судија и Јавен обвинител

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.