Тепачка во центарот на Охрид
Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дел „тешка телесна повреда“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Р.(35) од Охрид како и против Џ.Х.(25) и А.Х.(22) двајцата од Тетово.
Пријавените, синоќа околу 21 часот и 50 минути пред кафетерија во центарот на Охрид започнале вербална расправија со Р.А. (24) од Струга по што и физички го нападнале.
Тие му задале повеќе удари со раце и нозе по целото тело и го собориле на плочникот. Тука продолжиле да го удираат по главата од што Р.А. се здобил со тешки телесни повреди односно со скршеници на вилицата.
По дадената неопходна медицинска нега на хируршкото оделение во општата болница во Струга, а поради сериозноста на повредите Р.А. е пренесен во ургентниот центар во Скопје.
Пријавените веднаш се приведени во СВР Охрид и лишени од слобода а во текот на денов ќе бидат изнесени пред истражен судија при основниот суд во Охрид.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment