MKDNews.com

Oбновено: Тензии во Октиси поради изградба на црква

август 25
13:25 2013

Во струшкото село Октиси се смирија страстите, сите се повлекоа по своите домови, а договорено е в петок на средба кај градоначалникот на Струга недоразбирањата да се надминат и црквата да почне да се гради. Владиката Тимотеј изјави дека се сомнева во замешаност на припадници на радикалниот ислам…
14:03 Во селото пристигна и владијата Тимотеј на средба со локалниот оџа и градоначлникот на Струга, Зијадин Села. Пристигнувањето на Владиката Тимотеј ја до подгреа ситуацијата, затоа што беше исвиркан од страна на муслиманското население.
12:44  Градоначалникот на Стурга Зијадин Села пристигнал во Октиси и ги повикал насобраните луѓе од двете страни да се разотидат и од утре да почнат дијалог за надминување на проблемот.

11:42 Оџата преку разгласот на минарето од селската џамија, зборувајќи на македонски јазик, го повикал целото муслиманско население на село Октиси да излезе на улица и да ја спречи градбата на црквата и освеувањето на темелите.

11:31 Дебарско кичевскиот митрополит, Владиката Тимотеј останал во Охрид и не се упатил кон селото Октиси по барање на свештеникот од селото Вевчани кој инсистирал да не се креваат тензиите и да не се доведе Митрополитот во непријатна ситуација да не може да пристапи во селото и да ги освети темелите.
11:17 Полицијата стои помеѓу двете групи на луѓе, едните од православна, другите од муслиманска вероисповед и ги држи групите раздвоени. Од двете страни има скандирања и дофрлувања, но нема обиди за пробивање на полицискиот кордон.

11:10 Околу 20 – тина полицајци се на местото каде е поставена блокадата на патот, а според јавувањњата наскоро на лице место ќе пристигнат и специјалци.

село-октиси-протест-против-црква-1

село-октиси-протест-против-црква

2SPECIJALCI2

mkdnews.com / ohrid1.com

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.