MKDNews.com

Тамара Чаусидис за хрватски Данас: „Скопје – 2014“ е материјализирана психијатриска дијагноза

август 09
22:02 2013

causidisПретседателка на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис, во интервју за хрватски Данас зборуваше за нарушувањето на демократијата, немилоста во која е фрлено критичкото новинарство, притворањето на Томислав Кежаровски, поделеноста, односно „злата крв“ во рамки на македонското општество и политиката која наликува на „невкусна парада на псевдоконзервативизам“.
Ни се случува репресија врз слободата мисла и врз отворената дебата. Критиката е на удар, критичкото новинарство се портретира како издајничко, непатриотско или партиско, но не само новинарството. Дали знаете дека новинарите беа насилно отстранети од парламентот за да не видат како обезбедувањето, буквално на сила ги изнецува пратениците на опозицијата кои го спречуваа донесувањето на буџетот? Медиумите се под страшна контрола. Тоа се случува преку поткупувањето бидејќи владата е најголем огласувач и најголем работодавец. Бројот на запослени во државната администрација е строго чувана тајна, но евидентно е дека тој е во постојан пораст.Тоа се партиски вработувања. Велат дека кога партијата ве вработува извесен процент од платата уплатувате на партиска сметка и, во зависност од позицијата, осигурувате одреден број гласачи на претстојните избори – вели Чаусидис за Данас.

Чаусидис зборуваше и за притворањето на новинарот Томислав Кежаровски кое го нарече „веројатно последен удар врз и онака мртвото критичко новинарство“.

-Тој пред пет години пишуваше за еден случај на убиство и откри дека полицијата се обидува да најде заштитен сведок така што присилува извесен затвореник да сведочи во корист на обвинителството. Тој случај подоцна падна бидејки немаше доволно докази, а таканаречениот заштитен сведок јавно тврдеше дека полицијата го присилувала да сведочи. За тоа Кежаровски е денес во притвор – изјави Чаусидис.

Таа зборуваше и за Скопје – 2014 и изјави дека гледањето на фотографии за проектот не го доловува вистинскиот ефект за тоа што всушност се случува под работниот назив „Скопје – 2014“.

-Дури кога физички ќе зачекорите во тој простор преполн статуи, мостови кои не водат никаде, бродови кои никаде не пловат заринкани во реки, згради кои се како филмски кулиси широки само два метра, барокни фасади залепени на модерни згради, дури тогаш вистински сфаќате дека сте сведок на еден ужасен историски период. Најавени се нови споменици како 30-метарска Мајка Тереза, донација на контроверзниот индиски бизнисмен Субрата Рој, шпански скали, нова фонтана…За мене Скопје – 2014 е маеријализирана психијатриска дијагноза. Но дијагнозите се она кое доаѓа на крајот на болеста, а болеста е она кое треба да се лекува и толкува – вели таа.

Повеќе за нејзините ставови во однос на оптеретеноста со национализмот, начините на кои власта ја дефокусира јавноста од битните теми како економските проблеми и финансиската нетранспарентност, за идилата меѓу власта и црквата…

Интервјуто побуди многу реакции на интернет како и на фејзбук.Во оваа прилика би го издвоиле написот од профилот на Миленко Неделковски    во кој се вели:

Тамара Чаушидис – ПРЕДАВНИК И ГРЧКИ ПЛАТЕНИК. ИЗРОД.

Ми пречи што оваа власт и Влада се меки со овие гадови. Демократијата не значи уривање на сопствената држава.

hhhhhhhhijk

 

Погледнете го интервјуто ОВДЕ.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment