Тајниот Харем на Гадафи – силувал 15-годишни девојчиња
Полковникот Гадафи нарачувал киднапирање на девојки кои потоа ги држел како сексуални робинки. Девојката по име Сораја, била киднапирана кога имала 15 години и цели пет години била затворена во подрумот на неговата со километри долга тврдина недалеку од главниот град Триполи. Речиси секој ден била силувана, претепувана и малтретирана, а била приморана и да гледа кога тоа им го правел на останатите девојки и момчиња. Оваа и слични приказни се поместени во книгата „Харемот на Гадафи:Приказната на младата девојка и злоупотребата на моќта во Либија“, која ја напишала француската новинарка Аник Којеан, од „Ле Монд“.
Откако е објавена во Франција продадена е во повеќе од 100.000 примероци, а следниот месец ќе биде објавена и на англиски јазик.
Според истрагата на новинарката, телохранителките со кои бил опкружен биле негови љубовници и не знаеле да ракуваат со оружје. Тоа и го кажала Сораја, која во 2004 година го посетила Гадафи во рамките на наставата и имала прилика да му врачи букет. Во книгата се поместени и разговори со жената која ги превезувала девојките до комплексот на Гадафи, како и со други жртви.
Којеан во книгата наведува дека Гадафи силувал и жени на странските дипломати, но не, како што пишува затоа што му се допаднале, туку за да ги понижи нивните мажи.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment