MKDNews.com

Тајната на убавото лице на Анџелина Џоли

август 08
22:49 2013
Многумина се восхитуваат на убавината на Анџелина Џоли на црвениот тепих.

Кожата на лицето и е мазна и сјајна, како порцелан, а сега е откриена и тајната на убавиот и младешки изглед на нејзината кожа.

angelina-jolie12Анџелина Џоли на нејзиното лице има бројни козметички зафати. 37-годишната мајка на шест деца подлегнала на посебни ласерски третмани за нејзината кожа да изгледа како порцелан.

„Лицето на Анџелина изгледа како да е од мрамор, кожата на лицето и е мазна и како да е исполирана. Taa подлегнала на ласерски трeтмани и благо подмладување на кожата, и тоа повеќе пати во последните три до четири години“, открил неименуван извор.
Според некои извори Филмската дива се обидува да ја задржи убавината на лицето со гел кој се поризведува од смолата на стеблото кое го носи името Змејска крв.

Освен тоа, таа подлегнала и на третманите ActiveFX, кои ги отстрануваат брчките и другите оштетувања од сонце.

 

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment