MKDNews.com

Светска македонска средба во Трново

август 02
17:59 2013

Македонци од цел свет денеска по повод Илинден се собраа во потпелистерското село Трново во дворот на црквата ,,Света Богородица,, каде се одржа 42-та Светска македонска средба. Градоначалникот на Битола кој е и покровител на средбата ги повика сите македонси да се вратат дома.

„Од Битола повикувам сите македонци, обединети како едно ткиво да се бориме за иднината на идните генерации и поколенија. Битолскиот регион како најпечалбарски крај во Република Македонија со најмногу иселеници во европските и прекуокеанските земји сега има најдобри услови за инвестирање, ве повикувам да се вратите дома, дојдете си дома и планирајте го своето семејство и својот живот во Битола, во Македонија”- рече Талески.

Во името на Владата заменик-министерот за земјоделство повика на обединетост на сите Македонци.

„ Треба да се обединиме ние Македонците од целиот свет.” вели м-р Зоран Коњановски заменик министер за МЗШВ.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment