Свечено отворен Турнир во стрелаштво во Охрид (фото)
Во Охрид денес свечено беше отворен Турнирот во стрелаштво, на стрелиштето „ Бејбунар“. На присутните им се обрати советникот Климе Шешо кој порача дека турнирот по повод Илинденските празници , што го организира Општинскиот стрелачки сојуз е продолжување на успешната повеќедецениска традиција на развојот на овој спорт во Охрид .
– На овој турнир , заедно со вашите пријатели од клубовите од Република Србија и Република Бугарија , ќе имате можност а ги одмерите силите и да поставите нови рекорди. Охрид е древен град , во кој 7 илјади години континуирано се одвивал организиран живот на човекот , град кој заедно со Охридското Езеро е на листата на УНЕСКО како светско, заштитено културно и природно наследство. На овие простори, низ милениумите , сите цивилизации оставале свои траги , врз кои и нашата генерација со многу проекти сака да остави белег во богатата историја на овој древен град – рече во обраќањето Шешо.
– Охрид е најразвиениот туристички и културен центар во Република Македонија и најпознат македонски бренд во регионот , Европа и светот . Ние како локална власт , постојано се стремиме да го задржиме и унапредиме овој статус , со развој и на другите стопански сектори , културата и спорт . Како одговорна локална власт , сме определени да го подржуваме и развојот на стрелаштвото , еден од најтрофејните спортови во Охрид. На тоа не обврзуваат преполните витрини со медаљи освоени на домашни и големи меѓународни натпревари , но и реализацијата на нашата определба , да создадеме услови , со спорт да се занимаваат што поголем број млади луѓе – подвлече тој.
– На крајот , наискрено ви посакувам да имате остро око и мирна рака и многу погодоци во целта . Покрај спортските натпревари, слободното време искористете го за дружење со вашите пријатели , кои се надевам , кога ќе се вратат во своите домови , со себе ќе понесат барем дел од убавата охридска приказна – рече Шешо.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment