Судија не и дозволи да сведочи на муслиманка зошто носела бурка во судница
Судијата не и дозволи на една жена муслиманка да сведочи заради тоа што како ,што вели неможе да биде сигурен дека станива збор за вистинската личност. Жената муслиманка која се соочува со обвинение за заплашување на сведок , пред судот изјавила дека не може да го отстрани превезот пред било кој маж, бидејќи тоа не е дозволено во нејзината религија, на кое судијата рекол дека многу лесно може друго лице да облече бурка и да се престави како неа.
Судијата Питер Марфи и рекол на 21-годишната обвинета од Хакни во источен Лондон дека нема да дозволи да се изјасни пред судот додека таа не го покажа нејзиното лице.
Иако обвинителката Сара Кансел тврдела дека полициски службеник задолжен за случајот ја препознавава жената додека таа носи бурка, судијата Марфи ги отфрли предлозите, велејќи: “Ми се чини дека е доста праведно да се знае кој е присутен во судницата“
Сослушувањето повторно е закажано на 12 септември, кога обвинетата се очекува да се изјасни дека не е виновна.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment