Погубена љубовницата на Ким Јонг Ун
Поранешната љубовница на севернокрејскиот лидер, Ким Јонг Ун, е стрелана на 20-ти август со уште 11 познати уметници од таа земја, јавуваат Дејли Телеграф повикувачи се на јужнокорејските извори.
Весникот „Чосун Илбо“ од Сеул, повикувајќи се на извори во Кина, пренесуваат дека пејачката Хјон Сонг Вол на 17-ти август е уапсена со уште 11 уметници поради кршење на севернокорејскот закон за забрана на порнографија.
Нивната егзекуција наводно се случила три дена подоцна.
Тие наводно биле обвинети и осудени за меѓусебно се снимање на сексуалниот однос, а снимките потоа ги продавале. Хјон бил пејачка на оркестарот Почонбо електроник, познат по револуционерни и пропагандни песни.
Меѓу оние кои наводно биле погубени се пејачи и танчери во оркестарот Унхаси и музичкиот бенд Вангџаесан лајт.
Сопругата на севернокорејскиот лидер, Ри Сол Џу, била членка на оргекстарот Унхаси пред да се омажи.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment