MKDNews.com

Соопштение – СВР-Охрид за сообраќајката кај Охридско

август 05
14:21 2013

krs1aДве лицa ги загубија животите во тешката сообраќајна незгода што вчеравечер околу 19 часот се случи на магистралниот пат А-2 Охрид-Кичево во близина на црквата „Св.Петка“ пред селото Ботун,Дебарца.

Дарко А. (29) од Прилеп на лице место им подлегнал на повредите во момент кога патничко моторно возило „Пежо-206“ со прилепски регис- тарски таблички што тој го управувал, директно се судрило со патничко моторно возило џип „ГМЦ“ со американски национални ознаки управувано од Н.М. (56) од Кичево. На пат кон болницата „Св.Еразмо“ на повредите им подлегнала Билјана Ј. (25) од Тетово која била сопатник во возилото „Пежо-206“. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле М.Ц. (30) од Тетово сопатничка во возилото „Пежо-206“ и Н.М. (56) од Кичево кој го управувал џипот „ГМЦ“. Тие се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ каде се задржани на понатамошно лекување. Сударот се случил во момент кога патничкото моторно возило „Пежо-206“ кое се движело од Охрид кон Кичево, од засега непознати причи- ни преминало на спротивната коловозна лента од каде во правец кон Охрид се движел џипот. На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на дежурен истражен судија и заменик јавен обвинител од Основниот суд во Охрид, овластен судски вештак како и полициски екипи од СВР Охрид.

За време на увидот кој траеше од 19 часот до 22 часот, сообраќајот на магистралниот пат беше во целосен прекин. Двете возила со влечна служба се подигнати од местото на незгодата и врз нив ќе се изврши дополнително вештачење. Од Н.М. возач на џипот обезбедена е крв за понатамошна анализа а понаредба на истражен судија, врз починатите денес ќе биде извршена обдукција

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment