MKDNews.com

Сообраќајка kaj автокампот Елешец – настрадал пешак

август 09
19:45 2013

Во близина на авто кампот “Елешец” попладнево се судриле две возила во кои немало повредени,но затоа настрадал пешак кој се нашол во близина на сообраќајката,а на кого налетал “сеат леон” и му нанел тешки телесни повреди.

Сообраќајката се случила кога “рено клио” со српски регистарски таблици удрил во задната страна на “форд галакси” со австриски ознаки.Предизвикана била материјална штета,но немало повредени.Во близина на инцидинетот се нашол пешак токму во моментот кога од спротивната страна доаѓало возило “сеат леон”.Возачот за да ги одбегне искршените две возила нагло свртел и со сета силина удрил во пешакот кој се здобил со тешки телесни повреди.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.