Сочувство од СМК и Македонците во Холандија за прераната смрт на принцот Фрисо
август 13
08:59
2013
Соопштението од Светскиот Македонски Конгрес ви го презентираме во целост:
– Светскиот Македонски Конгрес и Македонската заедница во Холандија упатуваат искрено сочуство до холандското кралско семејство, кралицата мајка Беатрикс и холандскиот престолонаследник кралот Вилијам Александар и неговата сопруга кралицата Масима, како и до принцезата Мабел, за смртта на принцот Јохан Фрисо.
Македонците во Холандија и во целиот свет изразуваат жалење за прераната смрт на принцот Мабел, споделувајќи ја тагата со Холанѓаните како традиционални пријатели на Македонија и на македонскиот народ во целина.
Лесна му земја и Бог да го прости принцот Јохан Фрисо.
Холандијо, Македонија е со тебе во овие тажни моменти за холандскиот народ! Амин!
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment