MKDNews.com

Со секс кај камените столбови на Кожуф може да се излечи неплодноста

август 17
19:43 2013

Брачни парови кои со години не можат да имаат деца, одат на планината Кожуф и водат љубов под камените столбови во форма на пениси надевајќи се дека тие ќе им помогнат да создадат потомство, пишува „Вест“
На само неколку километри од детското одморалиште „Михајлово” на Кожуф Планина, во долината на реката Бошавица, вистинска атракција се камените столбови, познати уште и како камени кукли, за кои се претпоставува дека датираат од пред 20 до 50 илјади години.

Се наоѓаат на 40 километри од Кавадарци, на 1180 метри надморска височина, ги има на десетици, високи околу 15 метри, а повеќето од нив на врвот имаат камен или, како што велат мештаните, заштитна капа.
Постои легенда, според која камените кукли, познати и како ка­ме­ни пениси или камени печурки, имаат моќ во лекувањето неплодност. Затоа, уште во минатото долината покрај Бошавица била наречена Долина на плодноста, а голем број парови што со години немале деца, доаѓале да водат љубов под карпите, надевајќи се дека набргу потоа ќе добијат принова.
Ина­ку, летово, по пауза од речиси дваесет години, повторно проработе „Михајлово”, своевремено најпознатото одморалиште во Тиквешијата.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.