MKDNews.com

СММК со осуда на изјавата на СММК

август 14
13:18 2013

Светскиот Македонски Младински Конгрес (СММК) најостро ја осудува изјавата на директорот на бугарскиот Национален историски музеј, Божидар Димитров, кој престојниот пријателски натпревар помеѓу националните фудбалски тимови на Македонија и Бугарија го нарече “натпревар од домашната лига на бугарската нација“, а навивачката група Комити ја именува како про-српска група која често напаѓа Бугари “кога се собираат во Скопје да ја одбележат револуционерката Мара Бунева“.

СММК укажува дека Македонците не се ниту Срби, ниту Бугари, ниту Грци, ниту Албанци, а Македонија и Бугарија се две соседни суверени држави. Уште помалку Мара Бунева е бугарка револуционерка, туку Македонка, иако го убила српскиот полициски началник во Скопје Велимир Прелиќ.

Тоа што Бугарија окупира дел од Македонија во Балканските војни 1912-1913 година не им дава право на софиските врховисти да го негираат постоењето на македонскиот народ. И, не е прашањето дали Македонците во Македонија се Бугари, туку дали има Бугарин во светот без македонски корени!

СММК смета дека соработникот на бугарските тајни служби Божидар Димитров најдобро е да си ја продолжи својата кариера со истражувањето на бугарските сирени и вампири, бидејќи друштвото со нив најмногу му одговара, а да ги остави намира Македонците во Бугарија и во Македонија!

Tags

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.