СМК го отфрла унапредувањето на Шевал Етеми (алијас командат Ваљони) во чин мајор на АРМ
АМНЕСТИЈАТА ЗА ВАЉОНИ НЕ ЗНАЧИ АМНЕЗИЈА НА МОРАЛНИОТ СУД НА ЈАВНОСТА ЗА ДЕЛОТО КОЕ Е СТОРЕНО!
Амнестијата претставува законско ослободување од кривична одговорност, но тоа не значи амнезија на моралниот суд на јавноста за делото кое е сторено и не може да се промени и заборави. Затоа, Светскиот Македонски Конгрес (СМК) го отфрла унапредувањето на капетан Шевал Етеми (алијас комкандат Ваљони) во чин мајор на Армијата на Република Македонија, поради одговорноста за киднапирањето и неколкудневното ѕверско измачување на мавровските работници во 2001 година.
СМК од надлежните органи бара безусловно поништување на решението на министерот за одбрана за унапредувањето на капетан Шевал Етеми во чин мајор на Армијата на Република Македонија.
Ако поради коалициски интереси Владата се иззема од смена на министерот за одбрана, СМК апелира Талат Џафери да се воздржи од провокации на јавноста со злоупотреба на службената должност, и никогаш да не заборави дека толеранцијата и коегзистенцијата се процес кој макотрпно и долгорочно се гради, без провокации од ситно-партиски и дневно-политички потреби.
Командант Ваљони унапреден во мајор !
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment