MKDNews.com

СМК: Антимакедонизмот на Либералната партија на Стојан Андов!

август 12
23:17 2013

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) повикот на Либералната партија на Стојан Андов “Владата јавно да се огради и јасно да ги осуди идеите на Светскиот Македонски Конгрес и групи граѓани за прекин на преговорите за спорот за името и за редефинирање на државните граници“ го смета за антимакедонски и антидемократски!

smk-promemorijaДекларацијата на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет во Резолуцијата за Балканските војни 1912-1913 година и за Букурешкиот договор од 10 август 1913 година усвоена на 23. Генерално Собрание на Светскиот Македонски Конгрес во којашто “се реафирмира и бара признавање на неотуѓивото и неприкосновено право на самоидентификација и самоопределување на македонскиот народ и на обединување на Македонија по мирен пат во согласност со меѓународното право“, е легална и легитимна, уставна и законска иницијатива, воопшто не е спротивна со ниту еден меѓународен договор, ниту со Уставот на државата Македонија!

СМК ја потсетува либералната група на Стојан Андов дека границите меѓу државите не се непроменливи, туку се неповредливи! Имено, во членот 3 од Уставот на државата Македонија е утврдено дека, “Територијата на Република Македонија е неделива и неотуѓива. Постојната граница на Република Македонија е неповредлива. Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави. Границата на Република Македонија може да се менува само во согласност со Уставот, а врз принципот на доброволност и во согласност со општоприфатените меѓународни норми.“ Во членот 74 од Уставот, пак, се вели дека “Собранието донесува одлука за менување на границата на Републиката со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Одлуката за менување на границата на Републиката е усвоена на референдум, доколку за неа гласало мнозинството од вкупниот број избирачи.“

Истовремено, СМК потсетува дека, прашањето за државното име Македонија е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога македонскиот народ и граѓаните, врз основа на универзалното, неотуѓиво и неприкосновено право на самоидентификација и самоопределување, во апсолутно мнозинство гласаа за “самостојна и суверена држава Македонија“ без додавки и без придавки. Одлуката на референдумот е задолжителна за сите!

СМК ги потсетува сите дека, никој нема мандат да разговара, преговара и договара промена на државното име Македонија. Секој договор за промена на државното име Македонија претставува кривично дело велепредавство, злосторство против човештвото, геноцид врз македонскиот народ и флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите Нации, Универзалната Декларација за човековите права и Уставот на државата Македонија. Секој договор за промена на државното име е ништовен, бидејќи никој нема активна легитимација и мандат да го склучи!

Затоа, Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет и на 23. Генерално Собрание на СМК повторно побараа итен и безусловен крај на разговорите за разликата за државното име Македонија со јужниот сосед Елада!

Затоа, Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет и на 23. Генерално Собрание на СМК повторно побараа итно и безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни органи, организации и заедници под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“, како јасна разлика од истоимената северна грчка и југо-западна бугарска провинција Македонија, независно од историските хипотеки, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (The Republika Makedonija), туку на англиски јазик “The Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на македонскиот народ и македонскиот јазик, именката Македонци и придавката македонски, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (The Makedonski people) и (The Makedonski language), (Makedonci) и (Makedonski) туку на англиски јазик “The Macedonian people“ и “The Macedonian language“, “Macedonians“ и “Macedonian“!

СМК ги повикува граѓаните во иднина, на ниту едни избори, да не гласаат за кандидатите на маргиналната група на граѓани во т.н. либерална партија, ниту за коалицијата во којашто оваа партија членува, затоа што со ваквите соопштенија се делегитимираат пред електоратот, претставувајќи се како анти-група на граѓани која го крши Уставот на Македонија!

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment