MKDNews.com

Случајот „Бристол” не треба да се политизира

август 05
14:31 2013

Случајот „Бристол” не треба да се користи за политичка промоција, бидејќи со неговата изградба државата ќе заштеди пари што досега се одлевале за кирии, а ќе се овозможи и работа на градежниот сектор, изјави портпаролот на Владата, Александар Ѓоргиев.
„Сите дејства, сите процеси, сите процедури во врска со уредувањето на градежното земјиште и подготовките за изградба во централното градско подрачје се и ќе се извршуваат согласно со законите. Тоа е законско право, но истовремено и законска обврска за секоја институција независно дали е локална или централна. Овој државен инвеститор, Советот за радиодифузија, којшто треба да гради објект на дадената локација ги има добиено сите потребни документи од страна на единиците на локалната власт за да почнат да градат. Ги има платено сите комуналии врз основа на коишто единиците на локална самоуправа имаат обврска да му го подготват целокупното земјиште за тој да може да почне со изградба. Овој државен орган, СРД досега во 10-годишниот период на име на кирии, коишто оделе во приватни џебови, има исплатено околу 3 милиони евра. Сега со градбата на овој објект тоа веќе нема да се случува, нема да имаме одлевање на државни пари во приватни џебови, тие ќе имаат свој објект, а дополнително пак средствата што ќе бидат употребени за изградба на овој објект ќе одат во градежните компании и ќе обезбедат вработеност на градежните работници”, изјави Ѓорѓиев.

Како што посочи Ѓорѓиев, обврска на секоја институција на централната и на локалната власт е да ја гарантира правната и економската сигурност на секој субјект, на секој инвеститор независно дали е државен како во овој случај или пак приватен инвеститор што ги добил сите одобренија за градба, што ги уплатил сите комуналии, што планирал деловен потфат и што го реализира. Тој потенцира дека Владата досега покажала низ своите политики и активности дека се грижи за животната средина и за пошумувањето и повика да не се политизира настанот.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment