MKDNews.com

Сириски хакери го нападнаа сајтот на „ЊујоркТајмс“

август 28
09:17 2013

Хакери од групата “Сириска електронска армија” подржана од режимот во Сирија, го нападнаа сајтот на американскиот весник “Њујорк тајмс”.
Сајтот беше блокиран малку пред полноќ по македонско време и остана недостапен неколку часа.
Нападот бил со вирусни програми кои доведоа серверите на изданието да се блокираат.
Проблемите на сајтот на една од водечките американски медиуми се случува по втор пат во последните две недели. На 14 август интернет страницата и мобилните апликации на “Њујорк тајмс”, исто така, беа недостапни неколку часа.
“Сириската електронска армија” неколкупати ја презеде одговорноста за нарушувањата на сајтовите на голем број влијателни медиуми и на сметките  на Twitter.
Од активностите на групата настрадаа Асошиејтед прес, Франс прес, весниците “Фајненшл тајмс”,”Вашингтон пост” и ББЦ.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment