MKDNews.com

Силен земјотрес го потресе округот Фукушима, во североисточниот дел на Јапонија

август 05
13:10 2013

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала го потресе округот Фукушима,во североисточниот дел на Јапонија. Земјотресот бил со епицентар во Тихиот Океан, соопшти метеоролошката агенција на Јапонија.
Епицентарот на потресот бил во крајбрежјето на префектурата Мијаджи и на околу 50 километри под дното на океанот.
Не се соопштува за жртви и повредени.
Нема опасност од цунами.
Земјотресот е  почувствуван на територијата на три окрузи, вклучувајќи ја и  Фукушима.
Истиот реон пред 2,5 години беше потресен од моќен земјотрес и гигантско цунами. Последиците врз локалната нуклеарна централа доведоа до  нејзиното затворање, што ќе потрае со децении.
По последниот земјотрес засега не е утврдена закана за нуклеарната централа “Онагава” во префектурата Мијаджи,соопштија од електричната  централа.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment