MKDNews.com

Шокантно:Аутопсија на вонземјанин од страна на лекари на ЈНА!(фото)

август 13
20:46 2013

Во ноември 1966 година, во близина на малото село Оточек во поранешна СФРЈ се урнал неидентификуван летечки објект, а непознато суштество било извлечено од леталото, пишува Doznajemo.
Инцидентот добил ознака „Строго доверливо“, а на жителите и на сведоците им било речено дека станува збор за воена вежба која ја изведувала тогашната Југословенска народна армија.
Иван Крамер, кој пишувал за ова случување уште пред осум години, тврди дека „официјалната верзија“ е многу поразлична од она што навистина се случило таа ноќ.

– За телото беше речено дека припаѓало на пилотот на воздухопловството. Рекоа дека е деформирано од пламенот и жештината. Темната ноќ помогнала оваа верзија на војската да биде поуверлива. Вонземското суштество веднаш било пренесено во Белград со воено амбулантно возило.

За неколку часа, некои од најважните научници во тогашната заедничка држава дошле и започнале да го испитуваат телото. Меѓу имињата кои се споменуваат дека ја воделе аутопсијата се офицерот Андреј Зобол и двајца патолози, Никола Јулиќ и Зоран Фредериќ, луѓе кои биле од најголема доверба на тогашното југословенско раководство.

Фотографиите излегоа во јавноста во 1999 година од роднина на еден од докторите.

[print_gllr id=14596]

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment