MKDNews.com

Шилегов:Седум лица од Општина Центар потрошиле 9.000 евра за кафе (видео)

август 31
16:56 2013

Повеќе од јасно е дека само со губењето на власта во Општина Центар се открија многубројни ставки за фантастично неодговорни трошења на народните пари. Поранешните функционери во општина Центар, сеуммина од нив, за 9 месеци за кафиња и пијалаци потрошиле 9.000 евра, или по 2.000 денари дневно, изјави денеска Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

„Потребно е да се соберат повеќе од 15 луѓе на оваа локација и да се напијат по едно кафе и по еден пијалак за да биде достигната оваа сума од 2.000 денари на ден“, рече партискиот портпарол Петре Шилегов во изјавата на плоштадот Македонија, повикувајќи се на ревизорскиот извештај од Општина Центар.Шилегов посочи и дека Македонија има најниска просечна плата во регионот, а информациите од ЕУРОСТАТ за 2012 година покажуваат дека во регионот сме на последно место по директни странски инвестиции.

“Очигледно е власта сака во Република Македонија да се зборува за се и сешто освен за реалноста и за начинот на кој што неодговорно се трошат нашите средства. Значи, може да се зборува за се, освен за темите кои живот значат“. рече Шилегов

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.