MKDNews.com

Шест мртви во експлозија на бомба во Јемен (видео)

август 25
16:15 2013

Најмалку шест лица загинале а 26 се ранети во Јемен во експлозија на бомба подметната во автобус со кој припадници на военото воздухопловство се превезувале во нивната база, објавија во неделата властите во главниот град Сана.
„Бомбата екслодираше во задниот дел на автобусот при што шестмина наши колеги веднаш загинаа”, изјавил за AFP воздухопловниот офицер Амин Сари. Додал дека ранетите веднаш биле префрлени во болниците.

6db236b5-8be9-47e2-8178-b4fb82cd739fЈемен е потресуван од немири од почетокот на протестит против поранешниот претседател Али Абдула Салех во ткн Арапска пролет на почетокот од 2011 година. Нападите врз војската зачестија во јужниот и источниот дел на земјата каде се активни исламистичките бунтовници и каде што дејствува јеменската ќелија на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда. Во мај 2012 година самоубиец бомбаш во воена униформа уби повеќе од 90 војници кои вежбаа за парада.

Јемен е една од најсиромашните земји во арапскиот свет, а за јеменскиот огранок на Ал Каеда, американските раузнавачи велат дека е најопасниот.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment