MKDNews.com

Секс скандал во Сан Франциско: Ја терал вработената да работи во долна облека! (видео)

август 24
18:18 2013

Градоначалникот на Сан Диего синоќа поднесе оставка по обвинувањата на 18 жени дека сексуално ги вознемирувал . Тој се извини на сите, и наведе дека си оди поради политичко протерување но не заради обвиненијата за атмосферата.
Градоначалникот Боб Филнер, демократот кој во ноември бил избран за градоначалник на градот во Јужна Калифорнија, ја најавил својата оставка вчера по повеќенеделните повици да си оди од таа позиција.

“Им се извинувам на сите”, изјавил 70-годишниот Филнер, најавувајќи ја својата оставка по состанокот со градското собрание одржано зад затворени врати, пренесува агенцијата Франс Прес.

Филнер се уште истакнува дека ниедно обвинение против него не е проверено, ниту докажано на суд.

“Никогаш никого не сум вознемирувал сексуално. Но, настана хистерија за која придонесоа многумина од вас. Таа хистерија е еднаква на линч”, изјавил Филнер.

Тој истакнал дека со жените кои го обвиниле за сексуално вознемирување сакал да воспостави личен однос.

18-womenИако 18 жени јавно се пожалиле на однесувањето на градоначалникот, само една од нив, неговата поранешна менаџерка, Ирен Мекормик, поднела кривична пријава против него.

Мекормик тврди дека Филнер сакал да спие со неа, барал од неа да работи по долна облека и ‘и кажал дека ќе ја земе за жена.

Тој во јули признал дека се однесувал “погрешно”, а на почетокот на месецот минал две седмици на интензивна терапија.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.