MKDNews.com

Се судрија два брода 40 мртви, 172 исчезнати

август 17
19:21 2013

Најмалку 40 лица загинаа, а1 72 се водат како исчезнати по сударот на товарен брод и ферибот кој потоа потона на километар од островот Кебу, во централниот дел на Филипините, соопштија властите.

На фериботот „Тома Аквински“ се наоѓале 870 патници.

Претставникот на крајбрежната стража Луис Тусон изјави дека 582 лица се спасени.

Во спасувачките акции учествувал и екипажот на товарниот брод со кој се судрил и десетина рибарски бродови кои допловиле до местото на несреќата.

Крајбрежната стража ги разгледува причините за несреќата.
collide-cebu

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.