Се снима нов филм “Деца на сонцето” (фото)
Нуркачи од познатиот нуркачки клуб од Охрид Bottom Time учествуваа во снимањето на филмот “Деца на сонцето” во режија на Антонио Митрически..
Охридскиот нуркач Никола Паскали беше главниот дублер на Владо Јовановски, додека Александар Булески и Климчо Ангелоски од нуркачкото друштво беа главна техничка поддршка на полските сниматели, кои ги направија подводните кадри.
Според приказната на филмот, актерите Владо Јовановски, Мето Јовановски и Билјана Танески, претходно снимија нуркачки сцени, како влегуваат во вода во потрага по непроценливо античко богатство, што се крие под Преспанското Eзеро.
Едниот дел од сцените беше сниман во близина на кампот Љубаништa, каде што Владо Јовановски ја пронаоѓа античката скулптура „Златен овен“, која е главен реквизит во филмот и која е од непроценливо богатство и тежи над триесет килограми, а другата сцена под вода беше снимана на изворите кај Дрим на Свети Наум, каде што Мето Јовановски нурка за да пронајде големо римско богатство.
[print_gllr id=13340]
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment