MKDNews.com

Се ослободи од мртовечки сандак фрлен од 4.400 метри (видео)

август 07
23:52 2013

Мајсторот за бегство Ентони Мартин успеа да се ослободи од мртовечки сандак фрлен од 4.400 метри и безбедно се спушти на земја.
Но ако не успееше да се ослобиди беше подготвен нели да биде закпан.

Тој се смести во древниот сандак, рацете му беа врзани со лисици кои, пак, беа споени за ремен кој бил на него, додека десната рака му беше врзана со синџир за внатрешноста на сандакот.

Капакот на сандакот, кој беше фрлен од авион, беше затворен со затворска брава, а Мартин немаше клуч.

За време на падот двајца падобранци го одржуваа во рамнотежа, а падот го забавуваа мали падобрани, кои се користат за забавување на тркачките автомобили.

Мартин почнал да ја изучува уметноста на бегството уште од својата шеста година. Со бегства од невозможни ситуации, пак, почнал да се занимава на 11 години, а во 1990 година во февруари го изведе својот најопасен перформанс – беше заклучен во кафез кој беше спуштен во дупка во замрзната вода, а му беа потребни една минута и 45 секунди за да се ослободи.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.