MKDNews.com

Се истура водка во САД поради газењето на правата на хомосексуалците во Русија

август 01
10:16 2013

Геј активисти синоќа истурија водка пред Рускиот конзулат во Њујорк, како израз на протест против новите закони во Русија со кои се кршат правата на хомосексуалците.

ap-vodka-cam-boycott-stoli-gayБојкотот на руската водка беше најавен минатата недела од страна на активисти за правата на хомосексуалците и новинарот Дан Севиџ. Оттогаш сопствениците на геј барови во САД, престанаа да нудат „Столичнаја“ и други руски водки.

Пред Рускиот конзулат во Њујорк активисти за човековите права истирија неколку шишиња со водка, носејќи транспарент со паролата „Руската водка е измешана со омраза“.

Повици за бојкот во САД се појавија уште во текот на мај, кога беше објавено дека еден 23-годишен Русин бил малтретиран и убиен, откако на пријател му признал дека е хомосексуалец.

Во јуни рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон, што забранува „хомосексуална пропаганда“, што, според критичарите, може да се искористи против секој еден што ги брани правата на хомосексуалците. Путин, исто така, забрани истополовите семејства да посвојуваат деца.

Американскиот бојкот е фокусиран главно против „Столичнаја“ и покрај тоа што компанијата производител на овој бренд водката соопшти дека ги поддржува правата на хомосексуалната заедница.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment