MKDNews.com

Се истражуваат нови информации за смртта на принцезата Дајана

август 17
23:20 2013

Британската полиција испитува нови информации коишто ги добила во врскаа со смртта на принцезата Дајана и Доди Ал Фајед во 1997 година, објави во саботата BBC.

_69342106_004612176-1

Автомобилот во кој беше принцезата Дијана кога се удри во тунел

Скотланд Јард соопшти дека ја „проценува важноста и веродостојноста” на информации, и истакнува дека не станува збор за повторно отворање на истрагата за смртта на двојката во автомобилската несреќа во Париз која се случи на 31-ви август 1997 година.

Со истрагата од 2008 година беше утврдено дека загинале поради „тешко невнимание” на возачот, потсетува BBC.

Во соопштението од саботата се наведува дека процената на информациите ќе ја вршат инспектори од одделот за криминал, коишто во никој случај не сакаат да го одадат извори на информациите.

Портпаролот на кралското семејство изјави дека принцовите Вилјам и Хари нема да ги коментираат најновите вести.

Во Скотланд Јард се упорни дека не се работи за повторно отворање на ткн операција „Паџет” во која полицијата ги истражуваше тврдењата на таткото на Мохамед дека Дајана и неговиот син Доди Ал Фајед се убиени. Таа истрага, исто како и француската од 1999 година, заклучи дека возачот Анри Пол бил пијан и возел пребрзо. Во тунелот кај плоИ штадот Алма во француската престолнина.

Според АFP, кој се повикува на извори во британската полиција, наводно, се истражуваа нови информации за смртта на принцезата од Велс, вклучително и тврдењата дека таа била убиен од страна на некој во британските воени кругови. Овие информации биле добиени неодамна, но не се прецизира точно пред колку време.

ALeqM5g95n8eQDBwEuETGm_wwnWRHCR8pA

Автомобилот после несреќата

Цитирајќи воени извори, домашната британска агенција Press Association, пренесува дека информациите биле добиени од родители кои биле посвоители на поранешен војник, кои се потпираат на информации кој тој ги кажувал порано.

И Press Association и британската телевизија Sky News пишуваат дека информациите на Скотланд Јард му биле предадени од страна на Кралската воена полиција.

Британското министерство за одбрана одбило да ги коментира информациите.

Според Sky News, таткото на Ал Фајед со големо внимание ги следни случувањата го очекува исходот од ова испитување.

Според телевизијата, информациите вклучуваат референци од дневникот на Дајана, од британските специјални сили SAS. Притоа се потсетува дека Дајана се среќавала со пакистанскиот кардиохирург Хасна Кан, околу две години пред нејзината врска со Доди Ал Фајед.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.