MKDNews.com

Се чека наредба од Обама за напад врз Сирија

август 28
17:26 2013

Американските, Британските и Француските авиони се подготвени за напад врз Сирија. Подготвени се и Сиријците. Се заканија дека Израел ќе гори доколку бидат нападнати. Немоќен е и првиот човек на ОН Бан Ки-Мун. Стравува дека воената акција ќе се спроведе и без согласност на Советот за безбедност .

Но , на Американците се чини не им ни треба одобрение од соевтот. Тие се уверени дека Асад користел хемиско оружје и затоа треба да бидат казнет.

Според западнитре медиму можно е воздушната операција да започне уште утре, но некоои велат дека ќе се чека до недела за да се повлече тимот на ОН од Сирија. Нападот од воздух би траел два до три дена , а цел биле авионските бази, комуникациските центри и центрите за обука на сириската војска.

makdadСирискиот заменик министер за надворешни работи Фаисал Макдад денеска изјави дека САД, Британија и Франција им помогнале на бунтовниците да употребат хемиско оружје во Сирија и дека тие исти луѓе наскоро ќе го употребат ова оружје и во Европа.

Тој истакна дека на инспекторите на ОН им претставил докази дека „вооружените терористички групи“ употребиле хемиски гас на сите места на наводниот напад.

– Повторуваме дека терористичките групи употребија хемиско оружје со помош на САД, Британија и Франција и тоа мора да се спречи. Тоа значи дека истите тие групи наскоро ќе употребат хемиско оружје и против европските народи, нагласи Макдад.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.