MKDNews.com

СДСМ: Владата да ја врати во функција Комисијата за 24 декември (видео)

август 17
17:18 2013

„Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија во целост ги отфрла неточните, лажни и со ништо непоткрепени информации, лиферувани преку медиумите контролирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а со кои се обвинува СДСМ за нефункционирањето на Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември “,изјави Петре Шилегов, портпарол на СДСМ

СДСМ со директни барања до владејачката ВМРО-ДПМНЕ -крајно сериозно да пристапат кон решавањето на настаните од 24 декември во Собранието и да ја вратат во функција комисијата, бидејќи токму од тие заклучоци според опозиционерите, ќе зависи европската иднина на земјава.
„СДСМ уште еднаш ja повикува власта на крајна сериозност, затоа што лошите политики на Груевски и на оваа Влада во континуитет ја комплицираат европската иднина на земјата“, додаде Шилегов

Премиерот Груевски од Ростуше порача дека Комисјата ќе продолжи нормално со работа доколку СДСМ престане да биде под сенката на поранешниот претседател Бранко Црвенковски.

Tags

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment