MKDNews.com

„Само Исус може да се вика Месија“, Судијка го смени името на детето

август 14
15:27 2013

Судијка во сојузната американска држава Тенеси нареди името на едно дете од Месија да се промени во Мартин, образложувајќи дека Месија (Спасител) може да биде само Исус Христос, објави локалната телевизија WBIR додавајќи дека мајката ќе се жали на оваа одлука.
Родителите на момченцето Месија Дешоун Мартин воопшто не сметале дека името на детето е спорно, меѓутоа не можеле да се договорот околу презимето. Таткото, имено, никако не можел да се помири со тоа момченцето да го носи мајчиното презиме Мартин. Затоа двојката се обратила до судот, но биле многу изненадени од одлуката.

Судијката Ли Ен Белоу одлучила седуммесечното момче да се вика Мартин Дешоун Меккулоф, пишува The Los Angelеs Times, компромисно ставајќи ги презимињата на двата родитела во името на момченцето. Месија целосно го исфрлила од изборот.
article-2389673-1B4063E5000005DC-680_634x366
„Зборот Месија е титула, а таа титула досега ја заслужила само една личност, Исус Христос”, образложи судијката Белоу за WBIR. „Додала дека детето живее во изразено религиозна област во Тенеси. „Името на момчето би можело да го доведе во судир со многу луѓе и затоа во овој момент немав избор туку да го променам”, додала Белоу.

Мајката Џејлис Мартин го отфрла овој аргумент. „Не може судијката да го менува името на моето дете поради нејзините верски убедувања. Секој верува во она што сака и јас би требало да имам право да го крстам детето како што сакам”, изјави мајката најавувајќи жалба на судиската одлука.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.