MKDNews.com

САД се подготвува за можен ракетен напад на Сирија

август 24
06:15 2013

syria1_660_082113052325Иако американскиот претседател Барак Обама предупреди дека нема да интервенира во Сирија, Пентагон е подготовка за можен ракетен напад врз сириски владини сили заради новодното користење на хемиско оружје против цивили изминатава недела, јави CBS во петокот.

Според CBS Генералот Мартин Демпси, командант на здружениот штаб на американските вооружени сили, се очекува да претстави план до Обама со опции за таков напад во саботата.

Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел строго препорача во петокот САД да постави поморски сили и средства во пресрет на секоја одлука на Обама да нареди воена акција за Сирија по наводното користење на хемиско оружје.

Но предходно во интерву за CNN Обама рече дека тоа не е изведливо толку лесно.

„Ако САД нападне друга земја, без мандат на ОН и без јасен доказ кој може да се претстави тогаш се поставува прашањето дали меѓународното право го поддржува тоа, Дали имаме коалиција за да се направи тоа работа? Тоа се фактори кои треба да се земат предвид.“ изјави претседателотна САД во интервуто за CNN.

Претседателот на САД пред околу една година го оцени користењето недозволено хемиско оружје како „црвена линија“ за воено интервенирање во сириската граѓанска војна.

Во средата во наводен напад со отровен гас во Дамаск беа убиени меѓу 500 и 1.300 луѓе. Опозицијата ја обвинува сириската влада, таа демантира. Ако се покаже дека опозицијата ја кажува вистината, тогаш Барак Обама ќе биде принуден нешто да направи.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment