MKDNews.com

САД поради безбедност затвора амбасади (видео)

август 03
19:06 2013

Поради зголемената опасност од напад на Ал Каеда во петок е најавено затворање на дел од американските амбасади, а САД издадоа предупредување до сите граѓани кои патуваат во странство, бидејќи Ал Каеда е можно да планира напади во август, посебно на Блискиот исток и во Северна Африка.

Според американското министерство за надворешни работи, постојат укажувања дека Ал Каеда или нејзините сојузнички организации планираат напади.

Посебно голема опасност постои на Блискиот Исток, северна Африка, како и Арапскиот полуостров.

Американскиот претседател Барак Обама наредил да се превземат сите потребни мерки на заштита, а се вели дека информациите кои ги имаат за можни напади се веродстојни и специфични.
Предупредувањето издадено на Американците за патување во страство важи до 31. август.
Меѓу амбасадите кои ќе се затворат се оние во Абу Даби, Багдад и во Каиро.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.