Русин надмудрил банка и сега бара отштета
Русинот Дмитриј Агарков од Вороњеж ја надмудри банката служејќи се со банкарски методи – ги сменил ситните букви од договорот за користење кредитна картичка и си го намалил долгот, а сега бара отштета од над 900.000 долари.
Тој во 2008 година ја прифатил понудата за кредитна картичка од „Тинкоф кредит системс“, но не бил задоволен од понудените услови и одлучил да ги смени ситните букви во договорот што банката му го испратила.
Во измените дефинирал камата од нула отсто без надомест и додал дека купувачот не е должен да ги плати надоместот и трошоците предвидени со правилникот на банката. Изменетиот и потпишан договор го испратил во банка, кој бил потпишан и од страна на „Тинкоф кредит системс“, и му била испратена картичка. Две години подоцна банката одлучила да му ја откаже картичката поради долг од околу 1.360 долари.
Судот одлучил во корист на Агарков, па морал да врати само 575 долари. Неговиот адвокат ја засновал одбраната на фактот дека банката потпишала документ што не го прочитала.
Но, Агарков одлучи да ја тужи банката барајќи отштета од 727.000 долари поради непридржување кон одредбите и кон договорот и уште 182.000 долари поради еднострано раскинување на договорот.
Рочиштето треба да биде во септември.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment