Роналдо го продолжи договорот со Реал Мадрид за нови пет години
август 05
15:11
2013
Кристијано Роналдо останува во Реал Мадрид. Според шпанската „Марка“ Португалецот се согласил на продолжување на договорот за нови пет години, а тоа значи дека соработката ќе трае до 2018-та година.
Според новиот договор Роналдо би заработувал фантастични 17 милиони евра по сезона, еден милион повеќе од ѕвездата на Барселона Лионел Меси.
Во преговорите за новиот договор до застој имало околу рекламите, односно процентот на заработката, но „Марка“ пишува дека и за тоа е пронајден заеднички јазик.
Претседателот Флорентино Перез се чини дека го реши најголемиот проблем во клубот, а воедно стигнуваат најави дека сега со сите сили ќе тргнат по Герет Бејл.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment