MKDNews.com

Родителите 30 години го чувале затворен во бетонски кафез (фото)

август 24
06:32 2013

zatvoren-2Кинезот Донг Хаи поминал 30 години заклучен во дворот на семејната куќа, каде родителите го затвориле во 1983 година, кога како тинејџер покажал знаци на ментална болест.
Кафез од 5 метри квадратни, ограден со бетонски цигли, бил неговиот дом од 16-тата година. Родителите му направиле само мала дупка во ѕидот низ која му фрлале храна. Го бањале така што низ истата дупка пуштале црево со вода, а Хаи не излегол надвор од кафезот цели 30 години.

Донг Ватоу и неговата сопруга Ксиао Хонг од Лонгхајио, од југот на Кина, изјавиле дека се обратиле во болниците кога ги забележале првите знаци на психичко пореметување на нивниот син. Болниците ги одбиле, а тие се исплашиле дека Хаи би можел да повреди многу луѓе. Тие сега имаат по 70 години, а најмногу стравуваат што ќе се случи со нивниот син кога ќе умрат.

Од денот кога го затвориле, никогаш не го допреле нивниот син.
zatvoren-1

zatvoren-3

Текст Точка

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment