Родено џиновско бебе во Германија, и тоа по природен пат
август 04
19:05
2013
Во Лјапциг на 26 јули родена е Јаслин тешка 6 килограми, а долга 57 сантиметри. Ова е официјално најголемото бебе родено во Германија.
Да биде куриозитетот уште поголем, големото бебе е родено по природен пат, а не со царски рез.
По пораѓањето, утврдено е дека мајката боледувала од гестациски дијабет, кој најчесто се јавува во 24 недела од бременоста и предизвикува раѓање големи деца.
Мајката и ќерката седобри, но Јаслин сепак ќе биде задржана во болница за понатамошно следење на нејзиното здравје.
Најголемото бебе според Гинисовата книга на рекорди тежело 10 килограми, то тоа починало само неколку часа по раѓањето.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment