Родени првите зајаци кои светат во темно (видео)
Зајак со светлечкo крзно се родил во Турција. Ова го соопшти телевизискиот канал “Дискавери”.
Светлечките животни не се новина за науката. Генетските инженери веќе создавале блескави кучиња, мачки, свињи и глувци, вградувале гени од медуза во ДНК на цицачи.
Ова им помага на научниците да разберат како генетскиот материјал успешно се пренесува во нов организам.
Флуоресцентната боја покажува дека генот кој оригинално не бил во животното сега постои таму, исто како да е природен дел од него. Флуоресцентниот протеин не влијае на животните, тие имаат ист животен век како останатите зајаци. Бојата е само покажувач дека сé функционира одлично.
За да се создаде сјајот истражувачите употребиле флуоресцентен протеин од ДНК на медуза и го ставиле во ембрионите на осум зајаци. Ембрионите повторно биле ставени во мајката-зајак, од кои два зајаци се родиле со генот за светење.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment