MKDNews.com

Рано утринава исечени дрвјата спроти хотелот „Бристол“ во Скопје (видео)

август 04
09:45 2013

Рано утринава, околу 3 часот и 30 минути, луѓето кои кампуваа бранејќи го малото паркче спроти хотелот Бристол во центарот на Скопје, доживеаја вистински шок и беа живи сведоци уште на едно тренирање строгост на полицијата и припадниците на специјалните сили. Полицијата насилно влезе во нивните шатори и ги избрка од нов, по што, само за неколку минути моторни пили ги сосекоа дрвјата и просторот, што беше предвиден за  изградба на зграда на Советот за радиодифузија.

При овој брутален чин, полицијата им ги одземаше фото-апаратите и мобилните телефони на присутните, за да го спречи регистрирањето на она што се случуваше во мугрите, последниот ден од празничниот викенд, во најстрогиот центар на Скопје.

Граѓаните со извици на негодување ја пречекаа интервенцијата на полицијата, извикувајќи ,,Уа, фашистичка полиција!”, ,,Иднината ќе ве казни”, ,,Зошто се плашите од Груевски и Јанкуловска” и сл.
Видео:А1он

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.