MKDNews.com

Ракометарите на Вардар одат на силен турнир во Стразбур

август 08
16:33 2013

Македонскиот ракометен првак Вардар ќе го финишира подготвителниот циклус на силен турнир во Стразбур на крајот од август. Покрај нашиот шампион, ќе настапат и екипите на Веспрем, Данкерк, Шамбери, ПСЖ и Арагон.

„Требаше подготовките да ги заокружиме на турнир во Хрватска, но последниве десетина дена немавме квалитетна комуникација со нив и во меѓувреме добивме покана за настап на силен турнир во Франција. Во едната група играме ние со ПСЖ и Арагон, додека во другата се Веспрем, Данкерк и Шамбери. Ова е одлична можност за квалитетна проверка на натпреварувачкото ниво со кое ќе ја пречекаме сезоната „ соопшти стратегот на Вардар, Зоран Кастратовиќ.

„Црвено-црните“ ги финишираат подготовките во Словенија, каде што покрај пријателскиот меч со Марибор, ќе одиграат уште еден контролен дуел со Тримо од Требње, кој е закажан за сабота. Тоа ќе биде попатна проверка на силите, по која Вардар се враќа во Скопје.

Екипата од следната недела ја очекуваат настапи на турнирот во Струга (14-17 август), а потоа патува на уште еден турнир во Белорусија.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment